УЕФА го суспендираше Марко Арнаутовиќ

Европската фудбалска унија реши да стави точка на случајот „Арнаутовиќ-Алиоски“ па на официјалниот сајт на УЕФА за Евро-2020 покрај името на Арнаутовиќ - стои дека е суспендиран.

Најдобриот стрелец во актуелната репрезентација на Австрија денес ја дозна официјалната казна од УЕФА. Казнет е 1 меч и тоа оној против Холандија во Амстердам утре вечер од 21:00 часот.

На официјалниот сајт на УЕФА пишува дека Арнаутовиќ е суспендиран. Според дисциплинскиот правилник на УЕФА, суспензија за вакви испади може да оди и до 10 меча а во случајот со Австриецот со српски корени се решија за 1 натпревар.

Марко Арнаутовиќ на мечот со Македонија - Австрија вербално го нападна Езџан Алиоски па УЕФА реши да отвори истрага за случајот, а по пишување на медиумите. Шпицот на Австријците подоцна се извини на македонски и албански јазик за испадот но УЕФА е немилосрдна.

Во четврток од 15:00 Македонија ќе игра против Украина на „Националната Арена“ во Букурешт, а Австрија ќе гостува кај Холандија во Амстердам. Тој меч е закажан за 21:00 часот.

16 јуни 2021 - 14:04