На стартот на сезоната во Парагвај каде веќе се одиграа 7 кола, Ривер Плејт од главниот град Асунсион е во топ 3 екипи на табела.
51-годишниот тренер на Ривер Плејт Асунсион, Селсо Рафаел Ајала решил дека дербито со првопласираниот Гуарани е идеален момент за да клекне на колена и да ја побара својата девојка Лили Бенитез.
Харизматичниот Селсо Ајала уште и испланирал дека добра идеја би била и играчите да учествуваат во целиот настан, па пред мечот тие држеа во раце по една буква и ја оформија реченицата:
„Лили, омажи се за мене“
MOMENTO ROMÁNTICO
— Tigo Sports (@TigoSportsPY) August 29, 2021
En los Jardines del Kelito, en la previa al choque con Guaraní, el entrenador del equipo de la banda roja, Celso Rafael Ayala, con el apoyo de sus dirigidos, aprovechó para pedirle matrimonio a su pareja, regalando un emotivo momento antes de que ruede el balón. pic.twitter.com/9LTlmiOBa6
Убавиот момент го одбележаа и навивачите со аплауз и присутните камермани и фоторепортери
Celso Ayala, exdefensor de River y Paraguay, actual DT de River de Paraguay, le pidió casamiento a su novia Lili... ¡adentro del campo de juego! Un romántico!!! Después, su equipo cayó 5-1 ante el líder Guaraní, pero se mantiene tercero en la tabla. 💍
— SportsCenter (@SC_ESPN) August 30, 2021
🎦 @Estigarribiapy_ pic.twitter.com/VaaOmlSKS1
Селсо Ајала на времето беше топ стопер во аргентинскиот гигант Ривер Плејт и во репрезентацијата на Парагвај. Цели 10 години го носеше дресот на својата земја, играше на две Светски првенства и на Олимписки Игри 1992.
Освен тоа освои и два пати освоил Копа и Суперкопа Либертадорес, два пати влегол во симболичната најдобра репрезентација на Јужна Америка, 7 пати ја освојувал титулата во Аргентина и по еднаш станал шампион во Чиле и Парагвај. Играше и за Бетис и Атлетико Мадрид.
Селсо Ајала е тренер веќе повеќе од десет години но тука за разлика од играчката кариера, има поскромни резултати. Но и покрај тоа важи за голем авторитет меѓу играчите.
Лили рекла „да“ и Рафаел Ајала бил пресреќен. Ама неговата екипа Ривер Плејт Асунсион изгубила 1:5 од лидерот Гуарани но јужноамериканските медиуми пишуваат дека тренерот не бил баш засегнат многу од силниот пораз.
Сега после седум кола заостануваат шест бода зад Гуарани.