Такво презиме носи, па слободните удари му се најсилна точка
Ѓорѓе Михајловиќ има 26 години, роден е во САД од српски родители. Важи за еден од подобрите фудбалери во американската МЛС лига. Само сезонава на 30 натпревари има 11 гола и 10 асистенции. Синоќа во КОНКАКАФ Купот постигнал два гола, еден од слободен еден од пенал за победа на неговиот Колорадо Рапидс над Лос Анџелес ФЦ.