Македонскиот репрезентативец кој по повлекувањето на Пандев се очекува да се наметне како лидер во националниот тим, даде убав гол за конечни Наполи – Венеција 2:0.
Елмас доби шанса во 35-та минута на местото на Зјелински кој се повреди и го даде вториот погодок на средбата, на која домаќините 70 минути играа со играч помалку поради црвениот на Осимен.
Италијанската критика се осврна на неговиот настап и го потенцираа како еден од најзаслужните за победата. Заедно со дефанзивците Кулибали и Ди Лоренцо, како и стрелецот на првиот гол Инсиње, ја доби највисоката оценка 7.
„Елмас може да игра на многу позиции, бидејќи има голем квалитет. Тој успешно одговори на предизвикот и за тренерот Спалети е важен играч. Ќе има одлична сезона“, стоеше во еден од коментарите по мечот, даден од страна на Андреа Агостинели од Радио Кис Кис Наполи.
Она што радува за Елмас е што успеа да влезе во најтесното друштво на топ 11 играчи на колото уште на стартот. заеднно со Чалканоглу, Дибала, Џеко...
Во тимот на колото не го смести било кој, туку WhoScored.com, реномиран сајт кој е енциклопедија за статистика и поддржан од Опта.
Инаку начинот на радување на Елмас, Наполитанците го споредуваат со оној на Кавани кој растураше на стадионот Сан Паоло или Диего Армандо Марадона по ново.
E lui o non è lui? 🤣🤣 #elmas #Cavani #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/h36rZYunxc
— maria💙💙 (@maria98541320) August 22, 2021
Убавиот гол на Елмас кој на 2 септември ќе истрча на Градски против Ерменија. Пофалбите на Спалети за Елмас.