Супер анегдота на Гулит, Ван Бастен и Рајкард од Милан

Фантастичното холандско трио Марко Ван Бастен - Руд Гулит - Франк Рајкард беше најзаслужно за еден од најубавите периоди во клупската историја на Милан кога со Ариго Саки освоија две европски шампионски титули по ред. Навивачите на Милан со убава носталгија се сеќаваат на ова време, а холандското трио се сеќава и на една анегдота.

Ван Бастен раскажува дека кога дошле во Милан, слабо знаеле италијански, па додека често слушале од трибините громогласно скандирање „Tutto lo stadio“ (Ајде цел стадион), им се слушало Уго Лазања! Се прашувале кој ли е тој толку јак Уго Лазања што го грмат по сите стадиони во Италија

?

13 февруари 2025 - 09:25