Судија плачеше по мечот меѓу Лајпциг и Астон Вила

Ред Бул Лајпциг и Астон Вила го одиграа можеби најинтересниот натпревар во Лига на шампионите синоќа а истиот го добија гостите 2:3. По мечот едниот од помошниците судии почна да плаче.

Многумина присутни гледачи и оние крај тв екраните останаа зачудени поради тоа што линискиот судија од Италија, Алесандро Џалатини, помошник на главниот судија Маријани, почна да плаче по натпреварот во Лајпциг, а тренерот на домашните, Марко Розе дојде да го утеши.

Никој не знаеше за што станува збор, а набрзо подоцна се откри.

Тренерот Марко Розе откри дека Џалатини се расплакал поради тоа што го работел последниот меч како судија, односно заминува во пензија.

Натпреварот веќе беше завршен а фудбалерите од двата тима и членови на стручните штабови се поздравуваа пред да заминат во соблекувалните. Во еден момент Џалатини кој во 2020-та година беше линиски судија и помошник на Даниеле Орсато на големото финале во Лига на шампиони меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, заплака.

49-годишниот Римјанин кој во кариерата илјадници пати го кревал знаменцето, важи за еден од најдобрите линиски судии во Европа.

Дебитирал во Серија А на 1. ноември 2009-та на мечот Каљари - Аталанта а после станал меѓународен помошник судија во јануари 2013-та.

Судел како линиски судија на 31 меч во Лига на шампиони и на 11 во Лига Европа, како и 3 на Светско првенство 2022 и 4 на Европско првенство 2024.

11 декември 2024 - 09:16