😞 “𝐒𝐞𝐫𝐚́ 𝐦𝐢 𝐮́𝐥𝐭𝐢𝐦𝐨 𝐩𝐚𝐫𝐭𝐢𝐝𝐨 𝐜𝐨𝐧 𝐥𝐚 𝐒𝐞𝐥𝐞𝐜𝐜𝐢𝐨́𝐧”
— Selección Uruguaya (@Uruguay) September 2, 2024
Luis Suárez confirmó en conferencia que se retira de 𝐿𝑎 𝐶𝑒𝑙𝑒𝑠𝑡𝑒.
📺 https://t.co/qVMBrYJR1J #ElEquipoQueNosUne pic.twitter.com/oRuiJVUBz0
На овој стадион „Сентенарио“ се играле натпревари од првото Светско првенство во далечната 1930-та, а Суарез во петок токму таму ќе стави крај на неверојатната репрезентативна кариера.
Тој со Уругвај настапи на неколку Мундијали и Копа Америка.
„Размислував долго за ова и го анализирав. Мислам дека е право време. Сакам да бидам опуштен кога ќе го играм мојот последен натпревар за репрезентацијата. Ќе бидам возбуден кога ќе играм исто како што бев во 2007-ма кога првпат заиграв за репрезентацијата. Тоа 19-годишно момче сега е ветеран, стар играч (37 години), како сакате наречете го, со неверојатна историја за репрезентацијата за која во петок ќе го даде животот“.
Луис Суарез е најдобар стрелец во историјата на Уругвај со 69 гола на 142 настапи во изминатите 14 години.
Суарез последен пат за Уругвај кој од клупата го води легендарниот Аргентинец Марсело Бјелса, последен пат играше во јули на Копа Америка 2024 во мечот за трето место против Канада кога постигна гол дури во 92’ минута за израмнување и после тоа погоди од пенал во пенал серијата па му помогна на Уругвај да освои бронза.
Суарез не беше во составот за пријателскиот меч против Гватемала во неделата, но се очекува да игра во петок на важниот дуел против Парагвај.
Некогашната ѕвезда на Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона играл на дури 9 големи турнири за Уругвај и освои Копа Америка во 2011-та кога постигна 4 гола од кои 2 пати во полуфинале и еднаш во финале. Го избраа за играч на турнирот а Уругвај по 15-ти пат го освои пехарот но првпат од далечната 1995-та.
Луис дебитираше за сениорската селекција на Уругвај во февруари 2007-ма против Колумбија а после во групната фаза добил црвен картон после два жолти. На своето прво Светско првенство отиде во 2010-та кога постигна три гола на шест настапи. Со неговите погодоци Уругвај ја совлада Јужна Корена 2-1 во осмина финале, а она што го направи во четвртфинале му ја одбележа цела репрезентативна кариера.
Тогаш на мечот против Гана во четвртфинале со рака намерно спречи чист гол на Доминик Адија буквално во последните секунди од продолженијата. Го спаси Уругвај од елиминација, но доби црвен картон. Уругвајците отидоа понатаму откако Азамоа Гијан го промаши цел гол. Тоа беше прво полуфинале за Уругвај на Светско првенство уште од 1970-та година.
Четири години подоцна, на Светското 2014 во Бразил се „прослави“ со уште еден неверојатен гест. Откако постигна два гола во триумфот против Англија во групна фаза, Суарез на мечот со Италија го гризна силно Џорџо Кијелини на чија рака имаше траги од загриз па Суарез доби дури 9-меча суспензија од репрезентативен фудбал.
Со тоа заврши со Мундијалот 2014 а не играше ниту на Копа Америка 2015. Ова беше негов трет ваков голем испад во кариерата да гризе противнички фудбалери. Претходно добиваше казни и суспензии откако ги гризеше Отман Бакал додека играше во Ајакс и Бранислав Ивановиќ додека играше за Ливерпул.
„Поминавме многу тешки моменти заедно. Имаше многу. Лично за мене беше најтешко по мојата најголема грешка во 2014. Но нема ништо да се приговори“, изјавил Суарез на прес-конференцијата.
Тој се врати на време за Светското 2018 во Русија кога постигна два гола на Мундијалот и го однесе Уругвај до четвртфинале.
Играше и на Светско првенство 2022 и на Копа Америка 2019, 2021 и 2024. На последната Копа Америка летово влегуваше од клупа како резерва и постигна еден гол на 4 настапи.
Од декември 2023 тој е играч на Интер Мајами со кого има договор до крајот на сезоната 2024. Сезонава има 16 гола за Интер Мајами