Story di Calafiori - фризура како Неста, елеганција како Малдини, јак како Канаваро

Младиот 22-годишен универзален одбранбен играч Рикардо Калафиори е апсолутното откритие на сезоната. Одигра фантастична сезона во Болоња, а клупските партии ги пренесе и на репрезентативно ниво. И покрај автоголот со Шпанија, се врати против Хрватска кога блескаше, ги отстрани сите опасности пред својот гол, добиваше дуели со леснотија и асистираше прекрасно за голот.

Рикардо Калафиори го заврши натпреварот со Хрватска со дури 100% добиени воздушни дуели, 100 одсто точни долги топки, 93 одсто точни додавања, четири создадени шанси (најмногу од сите играчи на теренот) и со сјајна асистенција за стрелецот на голот Матија Ѕакањи.

Лука Модриќ беше избран за најдобар играч на мечот, Ѕакањи беше асполутен јунак, Џиџи Донарума бранеше одлично но на теренот најмногу од сите се издвојуваше Рикардо Калафиори.

Како ја повлече онаа топка од своја половина во последниот напад и го донесе Ѕакањи пред голот на Хрватска. Такви дефанзивци раѓа само Чизмата.

Поради фигурата и фризурата го споредуваат со трилингот најславни италијански одбранбени фудбалери: Паоло Малдини, Фабио Канаваро и Алесандро Неста. Младиот стопер со крупни чекори граби кон продолжение на лозата на великите италијански дефанзивци. Со Алесандро Бастони, Џорџо Скалвини и Алесандро Бонџорно се сегашност и иднина на Италија.

„Калафиори прави некои неверојатни нешта... Сите мислевме дека ќе ја турне топката во средина, а тој ја одложи на крило како плејмејкер. За мене тој е апсолутна класа и би го споредил со Серхио Рамос. Чувството и мекоста со која ја даде онаа топка... Светска класа!“, рекол Фабио Капело после мечот. Оној ист Капело кој ги тренираше Барези, Костакурта, Малдини, Канаваро, Самуел, Турам, Тери, Фердинанд, Серхио Рамос.

ПРИКАЗНАТА ЗА РИКИ КАЛА

Калафиори е дете од римските улици и Рома. Ретко кој клуб во светот е толку слаб на своите деца но Калафиори ја немал таа среќа саканиот клуб да го истрпи до крај како претходните свои великани Конти, Џанини, Тоти, Де Роси...

На 9 години почнал да тренира во Рома. Ги поминал сите младински категории и заиграл за младинците кај тренерот Алберто Де Роси (да, татко му на Даниеле Де Роси).  

Следниот ден првотимците на Рома ја совладаа Викторија Плзе а Един Џеко кој постигна хет-трик против чешкиот тим покажа дрес со името на повредениот Калафиори и головите му ги посвети нему. Сите во клубот биле видно потресени поради страшната пвореда на младиот Рикардо.

На 16 години го оперирале и му претстоел баш долг период на опоравок.

„Здраво Даниеле. Се надевав дека овој момент нема никогаш да дојде. За жал, нема да ми се оствари еден од животните сни да заиграм со тебе и да бидеме соиграчи. Сепак драго ми е што те запознав и што ми даде добри совети како млад играч, навивач на Рома и како на човек. Фала ти што беше се за Рома, капитен и пред се прекрасен човек кој беше до мене во најтешките моменти од кариерата. Ни останува само да ти аплаудираме“, му напишал Калафиори на друштвените мрежи на легендарниот капитен и дете на Рома Даниеле Де Роси кога овој се простуваше од „римската волчица“.

Во 2020-та година Рикардо се опоравил од повредата, заздравел. Дебитирал за првиот тим на својата сакана Рома во големото дерби против Јувентус. Постигна дури и гол кој ВАР му го поништи и изнуди пенал. Против Јанг Бојс набрзо го постигна и првиот дебитантски гол за Рома. И тоа какво голчиште.

Но со доаѓањето на Жозе Мурињо, во Рома веќе немало доволно место за Калафиори. Португалецот не сметал на него и на други играчи, па го пратил на позајмица во Џенова. После го продале и во Базел за 1.500.000 евра. Рома го пуштила своето дете по мислење на Мурињо кој сметал дека не е потенцијал за големи дела.

Во Швајцарија Калафиори играл во сенка, не го прателе италијанските медиуми но не се предавал. „Искуството во Швајцарија ми помогна да се тргнам од гужвата и да работам. Таа сезона ме смени“, рекол Калафиори.

И вистина одиграл добра сезона, па се препорачал на италијанските клубови. Минатото лето Болоња благодарение на стариот волк Џовани Сартори кој на времето правеше чуда во Киево и Аталанта, го познава фудбалскиот пазар како сопствениот џеп, решил да потегне потег.

Калафиори блескал во Лига на конференции со Базел, стигнале дури до полуфинале. Спортскиот директор на Болоња решил за него да понуди 4 милиони евра и успеал да го доведе назад во Италија.

Калафиори до минатото лето цела кариера играл како класичен лев бек, бил физички силен и експлозивен, одличен во ситуации еден-на-еден, со вродена одбранбена интелегенција типична за италијанските дефанзивци.

Тијаго Мота набрзо сфатил дека Калафиори би можел генијално да се снајде и на позицијата стопер па го ставил во срцето на одбраната. Калафиори набрзо станал силен „хибриден“ бек и штопер како Јошко Гвардиол кој дава ширина и плус опции.

По бројот на скратени топки врз основа на процентот на посед на топка кај ривалите, Калафиори бил прв во Серија А. По број на точни пасови и пасови кон напред бил меѓу Топ10 дефанзивци.

„Тоа што го научив од него (од Мота) за неколку месеци, не го научив за цела кариера“, додал Калафиори.

Болоња на Тијаго Мота беше најголем хит во фудбалска Европа, обезбеди дури и историски пласман во Лига на шампиони, а Калафиори беше главен играч во тимот и носител на екипата. За него се заинтересирале најголемите светски клубови, но најверојатно ќе оди во Јувентус заедно рака под рака со тренерот Тијаго Мота.

Јуве во пресрет на Европското нудел 25 милиони евра, тој во меѓувреме поскапел до 40 милиони евра а сега после партиите на Европското астрономски му е порасната цената до 50 милиони евра. Болоња нема да има милост во преговорите затоа што претходно со Базел договорила 50% од наредниот трансфер на Калафиори да им припадне на Швајцарците.

Одличната сезона на „Ренато Дал’Ара“ го препорача Калафиори и во репрезентациајта кај селекторот Спалети. До пред само еден месец никогаш не играл за Италија, но селекторот го повика на поширокиот список. Поради повредите на Ачерби и Скалвини, Калафиори добил повеќе простор. Токму некогашниот тренер на Наполи е најзаслужен што со храбриот потег му даде шанса на Рикардо уште од старт.

А не го остави ниту после автоголот против Шпанија во поразот на Италијанците. Младиот стопер му врати на селекторот со врвна партија против Хрватска во која асистираше за клучен гол на Ѕакани.

„Ни самиот не знам од каде собрав енергија да тргнам во тој последен напад. Само почуствував дека морам да и вратам нешто на репрезентацијата поради автоголот кој го постигнав и не доведов близу елиминација“, рекол јунакот на аѕурите.

Против Швајцарија во 1/8 финале Италија ќе мора без него поради суспензијата поради жолти картони. Ќе го пропушти дуелот против неговите соиграчи од Болоња Ендоје, Фројлер и Ебишер.

Како и да се биде исходот од овој меч, едно е јасно: Италија има стопер за иднина, прав бисер во своите редови.

Via: Mozzart sport

25 јуни 2024 - 13:30