Веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу неговиот тим ЈС Кабиле и УСМ Алжер во Тизи Оузу во саботата, Ебосе беше погоден со камен во главата од своите навивачи.
Кабиле загуби 1:2, а токму напаѓачот го постигнал единствениот гол од пенал за домашниот состав.
Алжирската власт веќе отворила истрага која треба да го открие навивачот кој е виновен за смртта на 24-годишниот напаѓач.
Фудбалската федерација на Алжир соопшти дека ќе одвои 100 илјади американски долари за семејството на трагично загинатиот Ебосе, кој само неколку дена пред кобниот натпревар добил ќерка.
Како што пишува БиБиСи, стадионот „1. ноември 1954“ во Алжир не ги исполнувал ниту минималните стандарди за одигрување фудбалски натпревар, затоа што навивачите фрлале камења од трибините кои биле во изградба.
Министерството за внатрешни работи на оваа африканска земја побарало одговорност од раководните лице кои издале зелено светло за одигрување фудбалски меч на стадион во изградба.
Инаку, Ебосе играл за сите младински категории на Камерун, а во брзо време требало да се најде и во А селекцијата.