Над 30% од пеналите се промашени, а една од причините е тоа што фудбалерите премногу паничат пред изведувањето. Но и тоа може да се реши.
Според најновото истражување на Универзитетот од Минхен, стискањето на тупаница на левата рака има позитивно влијание за фудбалерите во ситуации кога се под притисок како што е изведувањето на пенал.
Во моментите кога спортистите се под притисок, тие премногу се фокусираат на движењето наместо да ги користат моторните вештини.
Научниците од Универзитетот во Минхен кои долги години го анализираат изведувањето на пенали, заклучиле дека стискањето на тупаница со левата дланка ја активира десната хемисфера од мозокот која е поврзана со моториката.
„Притисокот влијае на концентрацијата и движењето. Спортистите имаат подобри резултати кога повеќе му веруваат на своето тело отколку да мислат на тоа што тренерот им рекол за време на тренинг", изјави доктор Јирген Бекман.