На 9 февруари 2012-та во градот Пиментел во Перу група на луѓе формирале фудбалски клуб. Сонот на секое маало во тие краишта е да има тим. Овој станува познат по исклучителните играчи и достигнувања и за кусо време стигнува до полуфиналето од Купот во Перу.
Запознајте го Депортиво Серато познат и како Вили Серато за кој може слободно да кажеме дека е близнак на Манчестер Сити. Основачите на овој клуб не се мачеле многу околу изборот на боите и решиле потполно да го ископираат премиерлигашот
Депортиво носи слични дресови како Сити и го користи истото лого. Орелот, бродот, лентите и ѕвездите се идентични на двете логоа, а единствената разлика се иницијалите на клубот и мотото.
Кај Манчестер пишува "Superbia in Proelia" што во превод значи “Гордост во битката“, а кај Дапортиво стои името на градот Пиментел.
Перуанците кои ја формирале оваа екипа само неколку месеци по титулата на Сити остварена по 42 години пауза, јакото е што на ракавите од дресовите ги имаат и логоата на Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Иако сево ова изгледа само на една пародија и класичен грабеж или имитација како сакате, Депортиво Серато кој постои само шест години, успеа да стигне до втора лига.
Аха и уште ова. Додека Манчестер Сити лани ја заврши сезоната со 106 дадени голови, имитаториве од Перу примија 116 на 28 меча и испаднаа во трета лига.