Смешната сторија за Антони од Манчестер кој најмил фотограф

Бразилецот кој од Ајакс за околу 100 милиони евра пристигна во Манчестер Јунајтед е едно од најголемите разочарувања на „Олд Трафорд“. Ај што не игра ништо, туку пазете го ова: најмил личен фотограф на кого му плаќал да ја носи играчката на син му од цртаниот лик Соник секаде каде што играл и ако даде гол да ја слика прославата со детската играчка, во негова чест. Фотографот ја носел играчката 10 месеци насекаде со Антони, а овој на 27 меча даде само еден гол сезонава.

2 мај 2024 - 13:17