Слушнавте ли за пента-трикот на Халанд, втор за една година?

Манчестер Сити покажа моќ над малиот Лутон, го торпедираше на гостински терен со 2:6 и влезе во 1/8 финале на ФА Купот. Ерлинг Халанд постигна пет гола од кои четири му беа по асистенции на Кевин де Брујне.

Норвежанецот постигнуваше голови во 3-та, 18-та, 40-та, 55-та и 58-ма минута а конечните 2:6 ги постави Матео Ковачиќ во 72’ минута. За петте гола на Халанд му требаа само седум шута што е уште еден неверојатен податок.

Ова е втор ваков луд подвиг на високиот центарфор кој по втор пат во кариерата на еден натпревар дава 5 гола! 

Халанд да не се заборави постигна 5 гола и на 14-ти март минатата 2023-та година во реваншот од Лига на шампиони против РБ Лајпциг кога Сити славеше 7-0. 

Интересно исто во вторник и тоа пред точно 50 недели.

Некогашниот центарфор на РБ Салцбург и Борусија Дортмунд последен пат постигнал повеќе од два гола на 2 септември лани кога имаше хет-трик за само 37 минути на мечот со Фулам (5:1) во четврто коло од Премиер лига. Тогаш даде еден погодок и од пенал.

Пред Норвежанецот пет или повеќе гола во ФА Куп за клуб од најдобрата англиска лига постигнал само Џорџ Бест во 1970-та кога Манчестер Јунајтед го победил Нортемптон на гости 2:8 а Бест дал шест гола.

Ќе дадеше и Халанд синоќа но Гвардиола реши да го замени со Хулиан Алварез во 77’ минута.

Исто за првпат во кариерата Де Брујне поделил четири асистенции. Претходно имаше три асистенции на еден меч и тоа во Лига на шампиони против Тотенхем во 2019-та, а истата година имаше по три асистенции и за Белгија против Шкотска. Во 2018-та Де Брујне забележал три асистенции на еден дуел за Сити против Лестер, а истото го сторил и во 2015-та како играч на Волфсбург против Вердер.

Де Брујне на 2 гола и 10 асистенции на 10 меча во сите натпреварувања сезонава.

Манчестер Сити влезе во четртфинале со Ковентри, Њукасл и Лестер. Уште четири меча од ФА Купот се закажани за вечерва: Челси - Лидс, Нотингем Форест - Ман. Јунајтед, Вулверхемптон - Брајтон и Ливерпул - Саутемптон.

28 февруари 2024 - 09:12