Фото: Фејсбук страна „И моето дете ќе навива за Пелистер“
Видео: Дамјан Гугучевски
Одлично издание и рекордна бројка на гостување во Битола имаа и Комити кои дојдоа со 6 автобуси и голем број приватни возила. Комити имаа супер издание со големо пиро-шоу, со шеталица преку нивниот сектор и неколку досетливи пароли до домаќинот:
Голот на Мирко Ивановски вреден 3 бода во последни секунди од дербито:
Интересно, Пелистер со овој погодок и победа во последни секунди му врати на Вардар за истиот пораз со минимален резултат во Скопје кога црвено-црните славеа со погодок на Дианеси во самиот финиш од судиско продолжение.
Сега по 13 одиграни кола Вардар има најлош старт на една сезона со 2 победи, 2 нерешени и дури 9 порази. Црвено-црните имаат 8 освоени бода од можни 39 и тоа е најлош учинок на почеток на една сезона во 31 сезона мак-фудбал.
Пелистер пак од друга страна после четири нерешени по ред, вечерва ја прослави првата победа после долг период и се искачи на стабилното 7-мо место со 16 освоени бода дури двојно повеќе од вечниот ривал Вардар.
На табелата во првата македонска фудбалска лига прв е Работнички со 25 бода и „романтичарите“ сè уште се без пораз (6-7-0). Шкендија е втора со 24 бода (6-6-1) а исто 24 бода имаат уште и Силекс и Гостивар.