Што среќлии ќе беа овие од Баер Леверкузен

Во 5. коло од Лига на шампиони во групата Д, Локомотив Москва игра дома со Баер Леверкузен. После 60 минути игра 0-2 за гостите кои поведоа после многу чуден автогол. По еден корнер, шпицот Едер кој на Португалија ѝ донесе злато на Европско 2016, во желба да избие една топка несмасно го погоди соиграчот Жемалетдинов и топката отиде во гол. Ова е инаку 5. автогол на противник на Баер Леверкузен сезонава, а 3-ти во Лига на шампиони.

26 ноември 2019 - 20:51