Бразилците мака мачат во квалификациите и пласманот на Светско 2026 кое се игра во САД, Канада и Мексико уште не им е обезбеден, ама Ромарио има план како да настапат таму.
„Бразил има единствено шанса да го освои следното Светско првенство ако е со Нејмар. Во 1962 Бразил играше за Гаринча, во 1970 за Пеле, во 1994 за Ромарио и во 2002 за Роналдо. Во 2026-та ако не играат за Нејмар, нема да освојат“.