Флорентино Перез добил одобрение за својот проект за реновирање на „Сантијаго Бернабеу“ кое ќе го чини Реал Мадрид астрономски 525 милиони евра. „ЗА“ гласале 1.017 сосиос (членови), „против“ биле 57 а 23 членови не гласале. Реконструкцијата ќе мине во неколку етапи и ќе трае околу четири години.