Раул е штит на Реал Мадрид, уметничко дело на мадридизмот

1.063 официјални средби во кариерата, 465 гола, 21 сезона фудбал на највисоко ниво. Раул Гонзалес Бјанко е многу повеќе од овие бројки. Историска личност на Реал Мадрид, икона и симбол на клубот, легенда на модерниот фудбал. Синоќа заокружи точно 40 години.

Кога Дел Пјеро ќе признае дека посакувал да игра со него, Тоти ќе каже дека срамота е што не го прогласиле за најдобар во свет, а Фергусон ќе рече дека немало подобар во Реал, тогаш што повеќе?
 
Ние ќе кажеме само едно големо штета и срамота што не го задржаа на Бернабеу до крај на кариерата, па и после тоа, бидејќи вакви фудбалски легенди ретко се раѓаат.
 
Тој во моментов е технички директор во младинскиот сектор на Њујорк Космос, а за респектот кон него, доволно е да ги прочитате само овие неколку пофалби во кои никој не штеди зборови.

„Раул е најважниот играч во шпанскиот фудбал...веќе не знам колку години. Би рекол на сите времиња. За мене тој е најдобар“. (Пеп Гвардиола)
 
„Откако остварив хет-трик против Реал Мадрид, ми пријде и ме исполни со многу убави зборови“. (Лионел Меси)
 
„Тој беше мојот омилен играч. Посакував да играм заедно со него“. (Алесандро Дел Пјеро)
 
„Тој е фудбалот, легенда и мадридист. Беше чест што учев од тебе капитену“. (Серхио Рамос)
 
„Го одбрав број 7 во Шпанија, бидејќи тоа е бројот на мојот идол Раул. Горд сум и привилегија е да се носи таа бројка“. (Алваро Мората)

„Раул е наследство на Реал Мадрид“ (Фабио Капело)
 
„Јас и тој сме двајца слични луѓе. Одлучивме да останеме во клубот во кој израснавме и за кој навиваме. Сметам дека е срамота тоа што никогаш не ја освои Златната топка“. (Франческо Тоти)
 
„Бернабеу е домот на Раул. Тој е иконски играч на Реал Мадрид. Ако се врати јас ќе бидам многу среќен, затоа што можеме заедно да го направиме овој клуб голем“. (Зинедин Зидан)
 
„Реал Мадрид имаше големи играчи во последниве години, но Раул беше најдобар до сега во светот“. (Сер Алекс Фергусон)
 
„Раул е штит на Реал Мадрид, уметничко дело на мадридизмот“. (Хорхе Валдано)
 
„Кристијано Роналдо е феномен, навистина е убаво да се гледа како игра. Постигна колку Раул, но Шпанецот секогаш ќе биде за мене Бог“. (Дејвид Бекам)
28 јуни 2017 - 14:29