Иако звучи чудно и неверно, дечкото кој кршеше кичми за Барселона е во притвор. Да бидеме реални, се избрука поштено. Наместо да го гледаме во ВИП ложа на Камп Ноу, дотеран и скоцкан во елитно друштво, денеска од него се појави слика на која се смее срамежливо облечен како за по риба.
Роналдињо и брат му Роберто беа пренесени во саботата во затворот Асунсиан по превентивна затворска наредба потпишан од судот.
Ги чуваат во сектор каде престојуваат полицајци со судски процеси, како и политичари гонети за корупција и шверц со дрога.
MUY FUERTE | Así se encuentra Ronaldinho Gaúcho en la Agrupación Especializada. Eso si, sin perder su peculiar sonrisa 🔟🇧🇷 pic.twitter.com/SXEwv1VHIF
— Hernán Rodriguez (@HernanRSotelo) March 8, 2020
Парагвајските медиуми тврдат дека судијата ја изрекол ова санкција поради опасност од бегство на славниот фудбалер.
Оваа истражна мерка има максимално времетраење од шест месеци, иако таа може да се намали во зависност од тоа какви наводи за одбрана имаат со брат му.
Нивните адвокати барале куќен притвор, но не доставиле доволно документација, а проценката на судијата сепак била дека постои опасност од бегство, бидејќи како странци влегле нелегално во земјата.