Прва победа на Сан Марино после повеќе од 20 години!

На почеток на новото издание на Лига Нации, главни вести беа 900-от јубилеен гол на Кристијано Роналдо во кариерата, ремито на Европскиот првак Шпанија со Србија и историскиот триумф на Сан Марино, прв после повеќе од две децении!

Сан Марино резултатски долги години е најлоша репрезентација во европскиот фудбал. Во четвртокот вечер со 1:0 го совладаа Лихтенштајн што донесе огромно славје на теренот и на трибините.

Сан Марино немал победа ниту на пријателски натпревари уште од 2004-та година и тоа тогаш исто против Лихтенштајн победиле 1:0. Единствениот гол на тој меч тогаш го дал „легендарниот стрелец“ на оваа репрезентација Ендри Селва (8 гола на 73 настапи).

На официјален натпревар Сан Марино немал никогаш победа. На ниту еден натпревар во историјата. Оваа репрезентација е последна, 210-та на ранг листата на ФИФА и за целата историја не загубила само 11 пати.

Историската победа синоќа 1:0 против Лихтенштајн во Д дивизија од Лига Нации им ја донсе 19-годишниот Нико Сенсоли. Тој имал само 14 месеци и бил бебе кога Сан Марино последен пат забележал победа.

Историскиот гол паднал во 53’ минута:

Овој триумф стана главен настан синоќа па буквално за пола час темата скокна на трендот на социјалните мрежи каде имало преку 100.000 објави на тема победа на Сан Марино. Повеќе се зборувало за ова отколку за ремито на Шпанија во Белград и триумфот на Полска над Шкотска со гол во 90+7’ минута.

6 септември 2024 - 10:05