Перформансот на Јамал против Баерн заслужува внимание

Ламин Јамал не постигна гол синоќа, ама ја има најјаката асистенција на колото, прогласена од УЕФА. Малиот одигра нова фантастична партија, предобра за свои години против еден таков сериозен противник.

Барселона има бисер, како плод на својот долгодишен концепт, а тоа е негување на Ла Масија, тема на која се осврна и Компани.

Дури 9 играчи кои настапија против Баерн потекнуваат од академијата. Шестмина во прв тим и тројца од клупа.

Погледнете го како играше и обрнете внимание на неговите дриблинзи и движења, како и визијата за игра и делењето топки.

Да потсетиме. Само 17 години има. 

Барса си поигруваше со Германците, мислиш со Спортинг Хихон играат

Ристовски триумфално во Салцбург со две асистенции, Рафиња со хет-трик го разби Баерн 

24 октомври 2024 - 14:32