Пеп Гвардиола: „Сити ќе биде мој последен клуб, веќе нема да водам друг, можеби само репрезентација“

Еден од најдобрите и најтрофејните тренери на сите времиња, Јосеп Пеп Гвардиола минува низ необичен период за неговиот клуб Манчестер Сити кој се соочува со судски процес по 115 точки во кои го кршел финансискиот фер плеј во Премиер лига. А и резултатски не им оди како се навикнати.

Шпанскиот тренер на прес-конференција во Торино пред вечерашниот мегдан со Јувентус рекол дека ја остава отворена можноста да води репрезентација еден ден но дека да почне во нов клуб во друга средина не би можел никако затоа што му е премногу емотивно трошење.

Пеп Гвардиола се соочува со притисок каков што никогаш немал како тренер во кариерата.

„Нема да водам друг тим. Не зборувам за во далечна иднина но она што нема да го направам е: нема да го напуштам Манчестер Сити, за да одам во друга земја и да го правам истото како сега.

Нема да имам енергија... Помислата да почнам негде на друго место, целиот процес на тренирање и тоа... Не, не, не! Можеби репрезентација но тоа е поразлично“, рекол отворено Пеп Гвардиола и ги зачудил присутните.

Ако стои до зборот и ако навистина не му се води друг клуб во иднина и ако последниот договор што го потпиша му е навистина последен тоа значи дека ќе го гледаме Пеп уште само три години во Премиер лига, Лига на шампиони или која било друга лига.

Гвардиола во последно време има емотивни настапи па така еднаш скоро зборуваше за „самотијата“ да се биде тренер (во интервју на каналот Десмонтадито на Јутјуб кој го води Дани Гарсија, шпански шеф на Мишелин“).

Гвардиола не ретко зборува дека толку многу е посветен на работата што заборава и на другите приватни нешта.

Со Сити минуваат низ тежок период каков што никогаш немале, ниту тие, ниту Пеп претходно со Барселона и Баерн. Англискиот шампион има само една победа на последните 9 меча во сите натпреварувања. Сега ги чека Јувентус на гости.

„Не сакам да учам од вакви ситуации. Попрво не би бил во таква позиција“.

Пред извесно време англиската ФА го контактирала Гвардиола со цел да стане селектор на Англија после Саутгејт но тој одбил и во меѓувреме потпиша нов договор со Манчестер Сити.

Притоа го поврзуваа и со селекторското столче на Бразил минатата пролет а тој не криеше дека е фасциниран од репрезентацијата на Бразил и легендарниот жолт дрес. Тој еднаш кажа и дека ако евентуално го напушти Сити, би сакал да води репрезентација на Светско првенство, Копа Америка или Европско првенство.

„Почетна точка во носењето со проблемите од поразите е да се биде со луѓето, со фамилијата првично. Но никој навистина не може да ја сфати самотијата на фудбалски тренер. Имаш луѓе до дебе но лошите одлуки, зошто го направив тоа, тргна на лошо поради тоа што го сторив, не ги притиснав доволно... болката од поразот, се чувствуваш осамен. Можеби имаш пријатели околут ебе, но кога ќе ја затвориш вратата од спалната и угасиш светло, нема утеха. Треба да поминат ден-два за да почнеш од почеток“.

Во гостувањето на Јутјуб каналот Пеп Гвардиола рекол и дека голфот му е „една од најдобрите терапии што ги има“ и дека има намера да научи француски и да готви едноставни јадења.

Неговиот пулен во одбраната, Рубен Дијаз вели дека повеќе од историската тројна круна, повеќе од освоени четири шампионски титули во Премиер лига по ред е како Сити ќе одговори на актуелната криза.

11 декември 2024 - 09:23