„Педерче“ ја избра погрешната лига

Поранешниот фудбалер на Шалке, Чиприан Марика најверојатно донесе лоша одлука при изборот на клуб откако потпиша за Хетафе затоа што неговото презиме на шпански значи „педерче" и нема да може да го носи на својот дрес.

За услугите на романскиот репрезентативец ова лето при завршувањето на неговиот договор со Шалке, интерес пројавија Арсенал, Тотенхем, Шахтар, Лацио и Интер, но тој го избра шпанскиот Хетафе.

Не дека понудата од Хетафе е лоша, но Марика најверојатно се кае што ја избра Шпанија. Романецот нема одиграно ниту една минута за Хетафе, а навивачите и медиуми веќе почнаа да се шегуваат со него. Причината е неговото презиме.

Марика на шпански сленг се преведува како „педерче", па тој најверојатно нема да го носи своето презиме на дресот. Фудбалерот и клубот се уште немаат донесено конечна одлука, но на неговиот дрес наместо презимето најверојатно ќе стои името, а можно е на дебито против Бетис во недела дресот да остане празен.

3 октомври 2013 - 15:00