Пандев во дилема, дали да закачи копачки на клин или да игра уште

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, уште дума дали за неколку недели и конечно да стави крај на прекрасната и богата кариера или да игра и на 40 години.

Горан Пандев по заминувањето од Џенова дојде во просечната Парма каде со уште еден ветеран, Џиџи Буфон пливаат во помирните води на Серија Б.

Струмичанецот во последно време не се наигра многу фудбал затоа што ситните повреди го оддалечија од теренот. На 11 настапи за „млекарите“ сезонава имаше само еден гол и една асистенција што е далеку под неговото ниво.

На Пандев договорот со Парма му истекува на крајот од јуни 2022 година до кога би требал да реши како се гледа себеси од следната сезона.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пандев размислува што да прави сега во ситуација кога сезоната за Парма е завршена, не влегоа во плејофот каде неколку екипи ќе се борат за големото финале за пласман во Серија А од следна сезона.

Домашните медиуми нагаѓаа дека Горан би можел да стане и функционер, односно да ја преземе палката во Фудбалската федерација на Македонија. Од друга страна, сè е поверојатно дека Гранде ќе остане во земјата каде се родени неговите деца.

12 мај 2022 - 13:25