Паб во Англија најавил кригла за секој гол на Нотингем, Нотингем победи 7:0

Некогашниот двократен европски шампион, Нотингем Форест кој предводен од легендарниот Брајан Клоф станал најголема сензација на крајот од седумдесетите и почеток на осумдесетите години, сега повторно прави навивачите да сонуваат. Нотингем Форест после години и години во втора и трета лига, конечно фати ред.

„Шумарите“ сезонава се најголемото изненадување во најдобрите европски лиги. Во Премиер лига, предводени од португалскиот тренер Нуњо Еспирито Санто од клупата и од лукавиот грчки милијардер Евангелос Маринакис (газда и на Олимпијакос), Нотингем Форест е трет воп Премиер лига со дури 47 бода, три помалку од вториот Арсенал и 9 помалку од лидерот Ливерпул кој има и меч помалку.

Ако го задржат темпото и ритамот до крајот на сезонава, Нотингем Форест многу лесно би можел да го оствари големиот децениски сон на навивачите, повторно да заигра во еврокупови.

Последен пат некогашниот европски шампион играл во Европа во сезоната 1995/1996 кога стигнал дури до четвртфинале (ги поминал Малме, Оксер и Лион) па налетале на Баерн Минхен кој ги прегазил во двомечот со вкупен резулат 7-2.

После огромни вложувања и доведени преку 20 нови фудбалери последниве две години, Нотингем Форест сезонава игра неверојатен фдубал.

Некој паб во Нотингемшир решил минатата сабота да дава бесплатна кригла за секој гол на Нотингем Форест на мечот против Брајтон.

Знаете како заврши на крај?

7-0 за Брајтон.

Газдарицата на пабот загубила околу 1.500 фунти поради седумте гола на Нотингем Форест.

„На полувреме си помислив: „Леле, не знам дали ќе можам да го издржам ова. Но останав да се држам до својот збор. Тоа реков дека ќе го направам. Дали се четири, пет, шест, седум, 10 гола, не е важно. На крај завршивме со наточени 300 бесплатни кригли“, рекла Беки Вебстер од Нотингемшир.

Пабот кој таа го држи претходно на 20 минути пред мечот со Брајтон во саботата, на Инстаграм објавиле фотографија со натпис „БЕСПЛАТНА КРИГЛА НА СЕКОЈ ГОЛ НА ФОРЕСТ“.

Првиот гол кој Нотингем го даде падна во 12' минута. После го наполнија противникот со 7-0 а и пабот ги наполни презадоволните муштерии.

„Беше чист адреналин! Работевме а пабот беше толку жив, секој беше пресреќен. Да се вратиме после поразот 5:0 минатиот викенд, и да се видат сите среќни како наздравуваат и играат и пејат, беше апсолутно неверојатно“, додава Касиан Прајм кој е ортак и партнер на газдарицата Вебстер во пабот.

„Имаше многу редовни муштерии кои сега ни се смееја. Се редеа во ред со криглите и буквално само што ќе ја туреа криглата на шанк, паѓаше нов гол. Имаше толку многу смеа“.

Кога паднал и седмиот гол, парот кој го држи пабот решил да си наточи по една кригла за своја душа и да се придружи во гледањето фудбал.

4 февруари 2025 - 12:39