Милан ја забележа четвртата победа по ред во Лига на шампиони откако синоќа едвај во 87-ма минута се избори за 2-1. Домаќинот поведе со голот на Леао пред полувремето. Белграѓани израмнија со евроголот на Радоњиќ во 67-ма минута а во 87-ма резервистот Тејму Ејбрахам искористи една гужва во шеснаесетник и даде гол за 2-1. Сепак пред голот имаше 2 спорни моменти за прекршоци над фудбалери на Звезда кои главниот судија Манзано не ги досуди ни по консултација со ВАР собата.