
Пред десет години тогаш 21-годишната Ежени Бушар беше 26. рекет на светот во женскиот тенис. Тоа лето излезе од Топ 10 откако на Ролан Гарос не го одбрани полуфиналето од претходната година а на Вимблдон не го одбрани големото финале од претходната сезона.
Во октомври 2014-та беше на 5. позиција на светската ранг листа.
Во тоа време Жени Бушар важеше за една од најдобрите и најатрактивни тенисерки која игра доминантен, агресивен тенис. Следуваше како што обично бива, криза на втората година низ која поминуваат сите млади тенисерки по пад.
Од тогаш младата Канаѓанка веќе никогаш не се врати во Топ20 и до крајот на 2010-те години секоја сезона завршуваше се пониско и пониско од претходната. На крајот од 2019-та испадна и од Топ 100 и иако после тоа победуваше ривалки од Топ 100 и Топ 50, таа на претходното ниво никогаш не се врати.
Неделава во Монтреал Жени Бушар го одигра својот последен турнир во кариерата. Победи во првото коло и тоа беше нејзина прва победа на ВТА уште од 2023-та.
Бушар дури и се шегувала дека нема да го напушти тенисот ако го освои турнирот. Но веќе во второто коло налета на се подобрата Швајцарка со балкански корени Белинда Бенчиќ.
You’ll know when it's time. For me, it's now.
— Genie Bouchard (@geniebouchard) July 16, 2025
Ending where it all started: Montreal ❤️ pic.twitter.com/NxqKqXdgHt
Ежени Бушар почнала да игра тенис на свои 5 години во својот дом во Монтреал, а на 12 години се преселила на Флорида кај познатиот тренер Ник Савиано. Тој подоцна раскажувал дека Канаѓанката не била на нивото на големите талентки Слоун Стивенс и Лори Робсон но постепено заслужила внимание со својот вреден и напорен труд. „Таа постојано победуваше и така сфатив дека е посебна“.
На 16 години Бушар ја освоила својата прва професионална титула во сениорски тенис, на 17 години освоила Вимблдон во парови.
Таа стана прва тенисерка од Канада која победила на каков било Гренд Слем во која било категорија. До крајот на сезоната 2012 таа играше во три финалиња на ITF од кои две ги освои.
Во следната 2013-та Бушар на свои 19 години првпат влезе во серија на најголемите светски турнири и играше против најпознатите тенисерки на тоа време од Топ3, Марија Шарапова и Серена Вилијамс.
Ежени тогаш стана и клиент на познатата компанија Lagardère и на сите Гренд Слем турнири носела Најк опрема дизајнирана за Марија Шарапова.
На три последователни Гренд Слеми Бушар стигнуваше до полуфинале и финале а во меѓувреме ја освои и својата прва ВТА титула.
По големиот и тежок пораз од Петра Квитова во финалето на Вимблдон, Бушар и се обрати на публиката со зборовите: „Не знам дали ја заслужив денес вашата љубов но јас многу ја ценам“. По таа церемонија Жени се расплакала гласно на рамениците на мајка и Жули Леклер.
Но до крајот на сезоната влезе во Топ 5, стана фамозно маркетинг лице на Кока Кола и други гиганти.
Во 2015-та година Бушар на Отвореното првенство на САД стигна до втората недела но и се случи несреќен настан кога во соблекувална се сопнала од детергент и при падот доживеала потрес на мозок поради што заврши со тенисот таа година. Подоцна се судеше со тениската федерација на САД со цел да добие компензација (се договориле надвор од судот) но поените на турот веќе не успеа да ги врати.
Се памети и изјавата кога ја нарече Шарапова измамничка која не заслужува место во спортот.
Веќе од средината на 2019-та кога Бушар изгуби 13 меча по ред и засекогаш испадна од Топ 100, таа веќе се занимаваше со други активности надвор од спортот: направи позната фотосесија за костим за капење за Спортс Илустрејтед (2018), се појавуваше на разни настани итн.
Во 2021-ва таа повредила едно раме па и била вршена артроскопија поради што пропуштилапола година.
Во 2023-та проба да се врати на УС Опен преку квалификации а во меѓувреме го освои и женскиот Били Џин Куп за репрезентации во женски тенис.
Во 2024-та се префрли во малку познатиот спорт пиклбол каде дебитираше во јануари таа година и изгубила во сите категории (сингл, пар и мешани двојки).