Нова циркузијада во режија на Мурињо кој победи во 102 минута

Фенербахче го доби Трабзонспор на гости со 2:3 во натпревар со два пенали за домаќините и лавина критики на Мурињо за судијата од ВАР собата кој го нарече невидлив човек.

Гостите поведоа со голот на Фред во 35 минута, но Трабзонспор го сврте мечот во вториот дел со два пенали кои ги реализираше Симон Банза. 

Мурињо распали токму на ВАР одлуката за еден од досудените пенали.

Џеко израмни во 75 минута, а Софијан Амрабат погоди за конечни 2:3 дури во 112-та минута.

Мурињо полуде. Прво падна на колена, го гушкаше Ливаковиќ и имаше неуспешно клизање. По последниот свиреж на судијата му се обрати на противнички играч со „fuck off“, а потоа на излегување од терен ги провоцираше домашните навивачи со гестикулации.

И се разбира имаше и трето полувреме.

„Играч на натпреварот беше Атила Кароглан. Не го видовме, ама тој беше судија. Главниот судија беше само мало дете кој беше на теренот. Но судија уствари беше Атила Кароглан, играч на натпреварот кој тргна од невидлив човек до најважен човек на мечот. Зборувам во полза на секој навивач на Фенербахче. Не го сакаме повеќе на нашите натпревари, затоа што смрди лошо. Не го сакаме како ВАР судија. Многу работи ми кажаа пред да дојдам овде. Не им верував, но сега гледам дека е уште полошо од тоа што ми раскажуваа“, изјави Мурињо.

„Никој не сака да гледа турска лига. Кој сака да гледа турска? Имаат Премиер лига, француска, германска, португалска, холандска, зошто би го гледале ова? Во Лондон само син ми гледа турска лига.

„Ја имавме контролата, имавме 1:0 се додека не се разбуди Атила. Изгледа во прво полувреме пиел турски чај, да не речам некој алкохолен пијалак, ама веројатно имал турски чај“.

„Ќе го објавам видеото на Инстаграм. Немам многу следбеници, ама над 5 милиони ќе го видат тој пенал и ќе видат каква е турската лига“, рече Португалецот.

 

4 ноември 2024 - 08:55