Никола Јокиќ откри што најмногу сака за доручек

Во една реклама за платформа за избор на хотели чие заштитно лице е токму Јокиќ, актуелниот НБА шампион открива свои искуства за престој во хотелите и што најмногу цени кај нив.

Во дел од рекламата во кој Јокиќ зборува за тоа што сака најмногу да јаде за доручек, тој вели:

„Кајгана со пет јајца, со сланина, шунка и спанаќ. Не смее да биде течно, ниту да биде премногу сува. После овесна каша - ореви, бадеми, боровница и мед. После шејк во кој одат банана, шумско овошје и малку сок од јаболка. Богами, тоа е околу 5.000 калории во овој доручек“, се насмеал Јокиќ кога сфатил дека претерал.

16 април 2024 - 14:26