
Мечот во Амстердам тргна добро по домашните затоа што по една неспретна реакција на одбраната на Наполи, Ајакс поведе преку Мохамед Кудус во 8’ минута.
Од тој момент па се до последната судиска свирка, Наполитанците го прегазија холандскиот шампион: 26:8 во удари, 13:2 во центаршути, 56%:46% посед на топка и 1:6 резултат на крајот.
Уште до паузата Наполи го откажа Ајакс: стрелци Распадори, Ди Лоренцо и Зјелински, а во второ полувреме новајлијата од Сасуоло Распадори даде уште еден гол, Хвича Кварацкелија го постигна својот прв гол во ЛШ а точка на мечот стави исто новото засилување од летово, Џовани Симеоне, син му на Диего.
„Имаме одлични резултати во Лига на шампиони, мојот тим игра ефикасно, постојано пресинува и се труди да дава што е можно повеќе голови. Самоуверено настапивме против ривал кој знае да игра фудбал. Ајакс притоа играше жестоко 14 фаули наспроти 2. Многу сум задоволен но ни треба уште една победа во следниот меч (за пласман во следна фаза). Ако изгубиме концентрација, ќе имаме проблеми“, рече Лучано Спалети, тренерот на Наполи после мечот.
НАПОЛИ ГИ ПРЕГАЗИ ЛИВЕРПУЛ, РЕНЏЕРС И АЈАКС
Клубот од градот под Везув сезонава блеска во Лига на шампиони и во Серија А: 4:1 против Ливерпул, 0:3 со Ренџерс на гости и сега 1:6 со Ајакс на гости. Тимот на Спалети е прв во група со 9 бода, Ливерпул има 6 а Ајакс 3.
Копјаниците од Амстердам никогаш не изгубиле толку многу во еврокупови. Последен пат изгубиле 0:4 од Реал Мадрид во ЛШ 2010/2011 и 5:1 од Баерн Минхен во Куп на европски шампиони 1980/1981. Наполи му го нанесе најтешкиот пораз на Ајакс уште од далечниот ноември 1964-та (9:4 од Феенорд Ротердам).
Наполитанците имаат 7 победи по ред! Сезонава имаат 9 триумфи и 2 ремија. Во Серија го делат првото место со Аталанта.
Досега тимот на нашиот Елиф Елмас е најефикасен во Лига на шампиони (13) и Серија А (18 гола на 8 меча, растур систем).
И покрај тоа што екипата летово ја напуштија многу врвни играчи како Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс, Дави Оспина и други, а од септември во аут поради повреда е Виктор Осимен, Наполи уште нема пораз.
Минатата сезона Наполи во време кога Нигериецот кој им е главен и водечки шпиц беше повреден, изгуби 13 бода. Но сега и без него растураат на секој фронт.
Во екипата нема ѕвезди кои се двојат а одлично се вклопија новите засилувања, Корецот Ким Мин Же кој игра стопер место Кулибали, левиот бек Оливера кој дојде од шпански Хетафе, Кварацхелија, Распадори, Замбо-Ангиса, Симеоне. Дали е конечно дојдено време Наполи да сонува и освои скудето на крајот?
Ајакс изеде невиден срам во ЛШ од Елмас и другарите, Барса се сопна на Сан Сиро
Хитот во Европа Клуб Бриж - 9 од 9, лидер им е млад анонимен Шпанец