На 27 август 2016-та Интер го потпиша Габриел Барбоза познат како Габигол и за трансферот на Сантос му плати 30 милиони евра. И парите и земјата од каде дојде ветуваат многу, но наместо малиот да добие шанса за да видиме дали го бива или не да игра во Европа, тој стана најскапиот резервен играч во светот.
Габигол од 20 минати гола во Серија А има бедни три настапи и тоа ниту еден како стартер. Сите три шанси ги почна од клупата за резервни играчи, па така на пример на дуелот против Лацио одигран во декември, доби само 4 минути на располагање за кои човек не може ни да се испоти.
Младиот бразилски напаѓач за Интер се има појавено на терен вкупно 32 минути во Серија А и со оглед на платените 30 милиони за него, една негова минута во игра чини скоро милион евра. Инаку годишната плата му е 3 милиони евра.
Интер во минатото коло во Серија А се сретна со Киево. Барбоза се загреваше село второ полувреме и кога виде дека Стефано Пиоли ја направи и третата измена, се налути. До сега може да се пофали со само еден настап како првотимец, ама во Купот на Италија на синоќешниот меч против Болоња каде играше до 72 минута.
Првиот повик за А репрезентацијата на Бразил, Габигол го доби лани во март кога на квалификацискиот натпревар за СП 2018 против Парагјва го замени суспендираниот Нејмар. Но на тој меч беше единствениот играч од клупа кој не доби шанса да влезе.
Дебитантскиот репрезентативен настап му се случи на 29 мај кога влезе од клупата и ги постави конечните 2:0 против Панама.
Иако неговиот договор е на 5 години во Интер, сепак постои можност ова скапо засилување на Меаца да направи кам-бек во Сантос.
Според реакцијава и навивачите имале големи очекувања за него кога дебитираше против Болоња.