Грчката Суперлига е многу неизвесна и сезонава и за титулата се борат четирите најголеми ривали Олимпијакос (40 бода), АЕК (37 бода), Панатинаикос (36 бода), ПАОК (33 бода). Панатинаикос изминатиов викенд играше 2-2 на гости против Пансераикос и изгуби два драгоцени бода само поради глупоста што ја направи полскиот голман Бартломеј Дронговски.
При водство на Панатинаикос 1-2, гостинскиот голман направи минимален прекршок кој судијата го процени како пенал. Дронговски доби црвен картон а мечот заврши 2-2: