На тренинг се 'рчнаа Салах и Трент Александар-Арнолд
Ливерпул игра фантастична сезона. Апсолутен лидер е во Премиер лига, на убедлив начин беше прв и во првата фаза во Лига на шампиони каде вечерва го очекува реванш од осминафиналето против ПСЖ кого го добија 0:1 на првиот натпревар во Париз. Но кај црвените има и некои трзавици меѓу Салах и Трент Александар-Арнолд кои за малку ќе се степале на последниот тренинг пред мечот со ПСЖ.