Лига на шампиони

На Барселона не ѝ лежи Рим, освен против Манчестер

Дербито на втората вечер од ЛШ ќе се игра на Олимпико во Рим, каде Рома ја пречекува Барса. Римјаните веруваат дека може да ја продолжат неуспешната серија на Каталонците, кои во Италија победија само еднаш на последните шест средби.

Прво па машко за Рома, која ја отвора сезоната во ЛШ со актуелниот шампион Барселона. Претходно во Европа, двете екипи се сретнаа само еднаш на Олимпико и тоа во сезоната 2001/2002 кога Џалоросите славеа 3:0. Тогаш Луис Енрике играше за Барселона, а победата на Волчицата ѝ ја донесоа Емерсон, Монтела и Томази.
 
Последниот дуел им беше пријателски, кој пред неколку месеци го доби Барселона со 3-0 благодарение на головите на Нејмар, Меси и Ракитиќ. Барса во Рим доаѓа како лидер во Ла Лига (3/3 досега), по триумфот на Висенте Калдерон минатиот викенд. Астуриецот Луис Енрике одлично го познава амбиентот во римскиот клуб, затоа што беше играч но и тренер на екипата.
 
Освен големото славје во финалето на ЛШ во 2009. година кога го кренаа трофејот по триумфот над Манчестер Јунајтед, Каталонците немале многу причини за радост во Италија. Поточно победиле само еднаш на последните шест гостувања во оваа земја.
 
Барса ја освои ЛШ во 2009-та на Олимпико:
 
Во сезоната 2011/-2012 славеа 2-3 против Милан во групната фаза со головите на Меси, Чави и автоголот на Ван Бомел. Остатокот, три нерешени и два порази (против Интер 3-1 на Сан Сиро во полуфиналето 2009-та) и против Милан во четвртфиналето 2-0 во 2012/2013.
 
Триумфот на Рома против Барса од 3-0:

 
НАТПРЕВАРИ:

ГРУПА Е: Рома - Барселона, Леверкузен - БАТЕ Борисов (20:45)
ГРУПА Ф: Динамо Загреб - Арсенал, Олимпијакос - Баерн Минхен (20:45)
ГРУПА Г: Челси-  Макаби Тел Авив, Динамо Киев - Порто (20:45)
ГРУПА Х: Гент - Лион, Валенсија - Зенит (20:45)

16 септември 2015 - 17:00