Барселона прими ужасни вести за Нова година во Шпанија, откако Ла Лига објави детално соопштение во кое објаснува зошто не може да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната 2024/2025.
„Ла Лига информира дека денес на 31 декември, Барселона не прикажа никаква алтернатива која што, во согласност со финансиските прописи, би и овозможила да го регистрира кој било играч од 2. јануари“, стои во соопштението.
Зошто Барселона не може да го регистрира Дани Олмо?
Шпанска Ла Лига дозволува да се направи исклучок од правилата и секој тим да може да регистрира плус еден фудбалер на сметка на друг повреден и отсутен, надвор од прозорот за регистрации.
Тоа Каталонците го искористија после повредата на Марк-Андре тер Штеген. Барселона го регистрирала Дани Олмо до крајот на декември 2024-та година наместо повредениот Андреас Кристенсен и имено неговото место Дани Олмо го зема во составот.
Сега веќе завршила регистрациајта и Дани ќе биде надвор од составот до крајот на сезоната што значи дека му пропаѓаат шест месеци од кариерата.
Барселона била и на суд но таму два пати им ги одбиле жалбите како неосновани.
Од управата велат дека остануваат позитивни и веруваат дека работите би можеле да се свртат во нивна корист до 3-ти јануари во однос на регистрацијата на Дани Олмо, но така викаа и претходните месеци па ситуацијата не мрдна од место.
Во моментов Дани Олмо е слободен играч како што му потврдил неговиот менаџер Енди Бара на новинарот Фабрицио Романо. Европскиот шампион со Шпанија одлучил да остане во Барселона и за сега, менаџерот рекол дека „не гледаат друга опација“.
Најстрашно во целата приказна е што Барселона би изгубила огромна сума ако Олмо не биде регистриран. Зошто?
Прво: Барса е задолжена да му плати 48 милиони евра на Олмо до крајот на неговиот договор кој важи до 2030, па дури и ако Олмо не биде регистриран како играч на клубот.
Плус Барселона ќе треба да плати уште 55 милиони евра на неговиот поранешен клуб Ред Бул Лајцпиг како дел од ратите за трансферот и плус сумата која што би ја изгубиле ако Олмо си замине како слободен играч без обештетување кое Каталонците не би можеле да го добијат од евентуален нов клуб на Олмо.
Барселона се надеваше дека со продажба на највидните и најлуксузни места на стадионот „Камп Ноу“ кој уште не е отворен и отворањето уште доцни (продадени ВИП места во ложа за 100 милиони евра) ќе може да го регистрира Олмо, но се испоставило дека им фалат уште 100 милиони евра.
Ако се има предвид дека финансиската состојба во Барселона е катастрофална, тогаш Олмо речиси сигурно ќе остане нерегистриран, нема да може да игра на ниту еден натпревар до јуни, освен ако не ја смени средината. Како слободен играч за што Барса не би добила ниту скршен фенинг.