Кавај Ленард, кошаркарот на ЛА Клиперс го напуштил кампот на репрезентацијата на САД поради повреда, а на негово место е повикан бекот на Бостон Селтикс Дерик Вајт. Не и лидерот на оваа екипа Џејлен Браун како што сите очекуваа.
Џејлен Браун беше најкорисен играч во големото НБА финале а претходно доби награда и за најдобар играч на финалето на Источната конференција.
Тој бил изненаден што селекторот Кер не го повикал него туку неговиот соиграч и отворил дискусија. Браун на друштвената мрежа Х ја обележал компанијата Најк со прашање: „Најк, тоа ли го правиме“?
@nike this what we doing ?
— Jaylen Brown (@FCHWPO) July 10, 2024
Тој потоа објавил уште една објава со три емотикона со лупа. Според неговата теорија, неговиот соиграч од Бостон Селтикс Дерик Вајт е повикан во репрезентација само затоа што Најк му е спонзор.
🧐🧐🧐
— Jaylen Brown (@FCHWPO) July 10, 2024
Во 2016-та година кога бил драфтуван во НБА, Џејлен Браун потпишал богат договор со Адидас кој сè уште го има.
Спортскиот директор на репрезентацијата на САД и НБА легенда, Грент Хил за одлуката рекол:
„Имате 12 места и мора да изградите тим. Една од најтешките работи е да отфрлиш луѓе од списокот, особено оние кои ги обожавам и кои едва чекам да ги гледам во текот на сезоната и плејофот. Момците кои беа МВП на финалето, кои беа дел од програмот, кои освојуваа златни медали, оние ги почитувам. Им се дивам и уживам да ги гледам.
Одговорноста која ја имам да составм тим, морам да одберам играчи кои ќе ни пружат најдобра прилика за успех. Теории постојат секогаш но тука е мојата одговорност. Тешко е да се разговара со луѓето и да им се каже дека не се во тимот. Се обидувам да составам делови кои ќе ни се вклопат“.
А има и ова:
Well you and Kyrie both came out against Israel so they won't let you play for Team USA
— Jaden McNeil (@JadenPMcNeil) July 10, 2024