После тој разговор на видео врска, Болоња нема пораз, а Синиша излезе од болница, а меѓу другото тогаш им рече:
„Јас не се предавам во оваа соба, а вие не треба да се предавате во тренинг базата, на Ренато Дал Aра, на гостински терен“.
Српскиот стратег кој важи за голем борец е пуштен од болницата Сант Орсола во Болоња после вториот циклус на хемотерапија.
Неколку дена откако на прес конференција одржана на 26 март соопшти дека болеста му се вратила, тој беше примен повторно на лекување, но од клубот информираат дека е дома и дека се чувствува добро.
Sinisa Mihajlovic was today discharged from Sant'Orsola Hospital and is in good condition.
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) May 2, 2022
Forza Mister, we are with you! ❤️💙 pic.twitter.com/nfGAJkT56l
Леукемијата му беше дијагностицирана летото 2019-та, но 53 годишниот Михајловиќ јуначки се носеше со нејзе и откако ја победи, се врати од клупа да го води тимот.
И покрај тоа што два пати се бори со тешката болест, Синиша пред мечот со Милан од болничка соба ги мотивираше играчите да не се предаваат. По тој разговор, резултатите на Болоња се следниве:
Милан – Болоња 0:0, Болоња – Сампдорија 2:0, Јувентус – Болоња 1:1, Болоња – Удинезе 2:2, Болоња – Интер 2:1, Рома – Болоња 0:0.
До крајот на сезоната, Болоња игра против Венеција, Сасуоло и Џенова, шанса за Синиша да го води тимот од клупа.