Михајловиќ и Ибрахимовиќ испеаа хит на Сан Ремо

Убаво рече Синиша пред неколку дена: „Во животот најлошо знам да пеам и да играм. Ама ајде, со Ибра бар ќе направиме народ да се посмее“. И така би.

Откако направи право шоу при доаѓањето на третата вечер на Сан Ремо, Ибрахимовиќ и неговиот добар пријател Синиша Михајловиќ пробаа, според планираното да ја испеаат песната„Ио вагабондо“, легендарниот хит од италијанскиот бенд „И Номади“, снимена во 1972.

Не им одеше како треба, едвај уста отвораа, па водителите Фиорело и Амадеус мораа да преземат за да не испадне тотален дебакл.

Пред настапот, Ибрахимовиќ и Михајловиќ раскажаа некои етапи од нивните долги кариери. 

„Секогаш доаѓаше прв на тренинг, тренираше во теретана, беше поспремен од сите нас. Шутираше слободни удари како ние пенали, или подобро како моите пенали порано“, рече Швеѓанецот со босанско потекло.

Се надоврза Синиша кој го пецна другар му.

„Некој игра, некој победува. Он е прав гладијатор, пример за храброст, ама јас имам нешто што тој нема. Лига на шампиони“. „Има време“, додаде Златан.

Настапот заедно со водителите Амадеус и Фиорело:

Според договорот, Златан најверојатно ќе добие по 50.000 евра за секоја вечер на Сан Ремо и решил сите собрани средства да ги донира во хуманитарни цели.

На третата вечер на Сан Ремо дојде на мотор

Интересни анегдоти од автобиографијата на Синиша Михајловиќ

5 март 2021 - 00:23