Мислеше дека Европското е завршено за тебе уште на 17 јуни?
Во тие моменти не размислував за тоа, но не знаев што ќе се случува со мене. Не почувствував дека носот ми е скршен, но кога погледнав во главата на голманот, тогаш си реков дека нешто не е во ред. Кога влегов во соблекувална и видов што се случува околу мене, беше малку страшно и мислев дека ќе си одам дома. Се видов во огледало и тоа беше лоша идеја. Беше тешко, речиси два дена не можев да спијам. Не можев да играм против Холандија, но фала му на Бога што можев да играм против Полска.
Видовме дека користиш неколку различни маски. Зошто?
Играњето со маска е апсолутен хорор. Комплицирано е зошто го ограничува видот, потта стои во место, па морам да ја вадам за да истече. Првите денови мислев дека сум во 3Д и дека сум поканет на ЕП како ВИП. Ги гледав луѓето и имав впечаток дека не сум јас тој што игра. Веднаш ќе ја отстранам штом ќе можам. Вие видовте дека пет пати ја сменив, но ги нема сите слики, ја менував повеќе од тоа. Нема оправдување и треба да и кажам благодарам.
Зошто Франција не дава голови?
Затоа што не ги користиме шансите што ги создаваме. Најважната работа од мое искуство е да ги создадеме. Јасно е дека беше проблематично во групната фаза, не можеме да го сокриеме тоа. Но сега почнува нова фаза, ќе мора да ги искористиме нашите шанси и сигурен сум дека ќе даваме голови.
Левандовски ти го повреди носот. Се плашиш дека може да им биде тартег и на Белгијците?
Можно е. Кога играш со скршен нос и не правиш операција стануваш таргет. Левандовски не го направи тоа намерно. Имав инстинктивна реакција на болката, многу деца ги гледаат натпреварите и потребна е контрола. Можам да примам удари, подготвен сум да дадам сè за овој дрес. Ако треба да се допре мојот нос за да се пласираме во четвртфиналето, тој е веќе скршен, па нема да се скрши повеке.
Колку е добра Белгија?
Го загубија првиот меч против Словачка, но ние не ги победивме Холандија и Полска. Имаат добар тим кој загуби важни играчи, но им дојде нова генерација која е гладна, тоа секогаш е закана. Ова се натпревари кои сакаме да ги играме, многу сме нетрпеливи.
Сте разговараме за Белгија со Тибо Куртоа во Вотсап групата на Реал Мадрид?
Не сум во таа група и не сум зборувал со Тибо, иако се познаваме. Добро што не е тука, ќе беше потешко со него.