На стадионот „Драгао“ во Порто, Санта Клара поведе со 0-1 преку Габриел Силва во 33' минута. Порто израмни дури во 76-та минута преку Отавио но мечот го одбележа Бразилецот Галено.
Во 72' минута Порто доби пенал а Галено ја погоди стативата.
Во 90+6' минута од судиското продолжение Порто доби нов пенал. Галено се спречка со еден соиграч за тоа кој да го изведе решавачкиот удар, па на крајот тој се избори за нова шанса. И пак промаши. Ај што му одбрани голманот туку Бразилецот натрча на одбиената топка и промаши чист гол од зицер.
На крај 1-1 и Порто заостанува 6 бода зад лидерот Спортинг кој искористи прилика да се одлепи бодовно.