
Македонија поради слабиот пласман во минатото издание и драстичниот пад беше послабо рангирана при жрепката, но помина добро и ги избегна фаворитите Шведска и Романија.
ГРУПИ ЛИГА НАЦИИ - ЛИГА Ц
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија.
Со сите селекции во нашата група Македонија има добар учинок а во последните години неколку пати се сретнавме со Ерменија и Летонија. Со Фарски Острови Македонија одамна нема средба но ќе биде апсолутен фаворит и на двата меча.
Натпреварите во Лига Нации стартуваат во септември на петти и осми тој месец, а се доигруваат со по два меча во октомври и во ноември. Од ова издание, од секоја група по две селекции ќе одат во четвртфинале и ќе играат против ривали од својата дивизија.
ДЕРБИ МЕГДАНИ ВО ДРУГИТЕ ПОСИЛНИ ЛИГИ
Покрај нашата група во Лига Ц, вечерва се извлекоа и групите во Лига А, Лига Б и Лига Д.
Лига А:
Група 1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска
Група 2: Италија, Белгија, Франција, Израел
Група 3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина
Група 4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија
Лига Б:
Група 1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија
Група 2: Англија, Финска, Ирска, Грузија
Група 3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан
Група 4: Велс, Црна Гора, Исланд, Турција
Лига Ц:
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија
Лига Д:
Група 1: Литванија/Гибралтар, Сан Марино, Лихтенштајн
Група 2: Малта, Андора, Молдавија
Првите две рунди се играат на 5. и 8. септември, потоа третата и четврта рунда на 10. и 13. октомври, а групната фаза завршува со два натпревари на 14. и 17. ноември.
Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции ќе се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.