Жонатас влезе на терен во 46’ минута наместо Вејдант и за три минути заработи пенал за својот тим откако по негов центаршут Џером Боатенг играше со рака. Судијата не ја прекина играта, но по консултација со судиите од ВАР собата, побара прегледување на моментот и досуди пенал.
Hmmm... Wczoraj w meczu Bayern vs. Hannover 3-1, sędzia po analizie VAR podyktował karnego dla Hannoveru po podobnym zagraniu łokciem Boatenga... pic.twitter.com/ckdYArg7bV
— Krzy Siek™ 🗡 (@zuziasta) May 5, 2019
Бразилецот ја зема топката, ја намести на бела точка и во 51’ минута намали на 2-1:
Откако даде гол, се стрча да ја грабне топката од голманот на Баерн Свен Улрих, го турна и поради тоа доби жолт картон:
Во 54’ минута нов перформанс на Жонатас: во една нормална акција, на својата половина замавна со рака и го закачи бекот на Баерн Јозуа Кимих по лице. Овој викна и падна како покосен после нокаут, а судијата не мислеше многу и му покажа втор жолт картон на Жонатас:
Кога следен пат нема да имате време за се во денот, сетете се на примерот на Жонатас. За само 9 минути влезе во игра, направи асистенција, даде гол, доби прв жолт, втор жолт автоматски црвен и излезе од игра. Колку некој што нема направено за цела кариера.