Мајсториите на Керем го распалија цел стадион во Турција

Турција под водство на Винченцо Монтела продолжува со добрите игри и по Европското првенство. Турците синоќа со 3-1 го совладаа Исланд во натпревар од 2. коло во групата Х од Лига Нации. Големата ѕвезда на турскиот фудбал, младиот Керем Актуртоглу кој пред неколку дена потпиша богат договор со Бенфика и замина од Галатасарај, постигна хет-трик и го распали стадионот „Ѓурсел Аксел“ во Ѓезтепе.

Хет-трик синоќа постигна и Бенџамин Шешко, високиот центарфор на Словенија на дуел против Казахстан.

10 септември 2024 - 08:59