
Кога сите очекуваа покрај првакот Црвена звезда втор стандардно да биде Партизан, неочекувано и сензационално вицешампион стана ТСЦ Бачка Топола, клуб на унгарското малцинство на кого големо внимание му пружа и премиерот на Унгарија.
ОД КАДЕ Е ТСЦ ЗА КОГО ИГРА И ПОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МАРТИН МИРЧЕВСКИ?
Во 2022-ра година во Србија имало попис на населението. Етничкиот состав на земјата е ваков: 80,6% Срби а најголемо малцинство се испоставиле Унгарците со 184.442 жители или 2,7& од вкупното население.
Во Војводина за Унгарци се пишале 13% од жителите.
Војводина се наоѓа на северот од земјата и од три страни е опкружена со четири држави: Хрватска, Босна, Романија и Унгарија. Унгарците овој регион го нарекуваат Банат (во Среден век бан бил наречен секој дворјанин или сопственик на голем посед), иако овој топоним се однесува и на дел од територијата на современа Романија.
Терминот Војводина истекнува од старо-словенскиот термин војвода како што Словените го нарекувале командирот на одредот.
Во дамнешно време на територија на денешна Војводина живееле Илири, Трачани, Келти и Дачани. Во раниот Среден век таму дошле Словените а во 9-от век унгарските племиња се доселиле од источно-европските степи.
Подоцна регионот станал дел од огромната Османска империја која долго и била ривал на Австрија на Балканот.
На крајот од XVII век Виена ја поместила границата на југ и си го присоединила делот од Банат. Во текот на следните децении, етничкиот состав на регионот станал многу шаренолик: тука покрај Србите, се доселиле Унгарци, Германци и Словаци.
Во 1867-ма царството е реорганизирано во Австро-Угарија. Со државата и натаму владеел еден монах, но се појавиле федерации па во разни региони владееле или Виена или Будимпешта.
Во 1918-та година по голема победа на српската војска над Австро-Унгарија, било основано Кралството СХС подоцна преименувано во Југославија, па Војводина одново се вратила под српска закрила.
Регионот Војводина стекнал посебен статус по Втора светска војна кога Јосип Броз Тито дошол на власт. Тој донел поголема децентрализација, а земјата била поделена на сојузни републики од кои една била Србија под чија закрила останале автономните реони Војводина и Косово.
Во Војводина според тамошниот устав официјални јазици се српски, унгарски, совачки, хрватски, романски и русински.
Во Нови Сад кој е главен град на Војводина има регионален парламент чиј спикер од 2012-та е Иштван Пастор, лидер на локалната проунгарска партија. На изборите во 2020-та Алијансата на војвоѓанските унгарци добила околу 9% гласови и 13 места во месниот парламент.
БАЧКА ТОПОЛА - КЛУБ НА УНГАРЦИ И СРБИ
Унгарците живеат сосема компактно во Војводина. Додека во Нови Сад можете да слушнете српски јазик, на северот од оваа покраина на улица може да слушнете и унгарски. Градот Бачка Топола се смета за еден од главните центри на локалните Унгарци кои градот го викаат Топола.
Во ова симпатично место живеат околу 26.000 луѓе. Србите се околу 33,6% според последниот попис а за Унгарци се попишале 60% од мештаните. Во соседниот град Суботица кој се наоѓа уште поблизу до унгарска граница, населението е уште помешано, има 38% Срби, 37,2% Унгарци, 10,4% Хрвати...
Главен фудбалски клуб на Бачка Топола е истоимениот клуб основан во 1913-та година, односно во време на Австро-Угарија, формиран пет години пред присоединувањето на Војводина кон Србија.
Клубот редовно го менувал името во зависност од тоа под чија држава се наоѓа Во 1920-те години настапувале во југословенски лиги, но никогаш не стигнале до првата лига.
За основач на клубот се смета Иштван Бениш.
Во 1941-ва година кога Германците го окупирале Балканот, клубот од Југословенски атлетски клуб бил преименуван во Топола и бил префрлен во унгарскиот фудбалски систем.
Ова не бил единствен случај. Унгарците во ’40-те години исто направиле и со Надваради, клуб од денешна Романија кој една година играл во унгарски систем а кој пред војната бил познат како Орадеа и бил романски клуб.
ВО АКТУЕЛНИОТ СОСТАВ ИМА ВОГЛАВНО СРБИ, НО КЛУБОТ Е МНОГУ ПОДДРЖАН ОД УНГАРИЈА
Унгарија во современо време ја повторува истата идеологија со фудбалско влијание во соседните земји, но овојпат со многу помирни и мирнодопски методи отколку во ’40-те години.
Бачка Топола долго време бил еден од посиромашните клубови во Србија. Поради немаштија, неколку пати бил пред гаснење но повторно се кревал.
Сега ги доживува најдобрите моменти во стогодишната историја. Во 2019-та година влегоа во прва лига и веднаш истата сезона завршија четврти, а двајца фудбалери беа меѓу најдобрите стрелци во лигата.
Во следните сезони ТСЦ Бачка Топола ниту еднаш не беше вон топ 5 екипите во српската лига, а годинава заврши втор и ќе игра во квалификации за Лига на шампиони.
Овие успеси се поврзани со зголеменото внимание и помош од Унгарија. Државата на оваа земја од 2013-та година активно ги финансира проектите во регионите каде има поголемо унгарско население. Донациите се распределуваат преку Унгарскиот фудбалски сојуз и државниот Фонд Габор Бетлен, наречен од државниот херој и крал во XVII век.
Во 2018-та година се испоставило дека Будимпешта распределила во најмала мера околу 50 милиони евра за клубови од Србија, Словачка и Романија.
4 милиони добила фудбалска школа на клубот Чиксеред од романскиот град Миркуреа Чук. Уште 6 милиони евра добил уште еден романски клуб во мнозински унгарска средина - Сепси.
ДАК Дунајска Стреда од истоимениот словачки град со мнозинско унгарско население добил 8 милиони евра. Ова е најголем унгарски клуб од дијаспората кој често игра и во еврокуповите. На нивните натпревари повремено се појавува и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а клубот има голем ривалитет со Слован Братислава, неретко и на национална основа.
Неодамна сличен проект со академија Унгарците спонзорирале и во рускиот град Ужгород.
Орбан одвреме-навреме помислува и на ТСЦ Бачка Топола, па така во 2018-та посетата на Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ ја искористил да го посети клубот заедно со Иштван Пастор, спикерот на Собранието во Војводина. Отвориле и клупска академија во која вложиле 9,5 милиони евра.
Во 2021-ва година ТСЦ Бачка Топола доби супер модерен стадион на чие отворање дојде Ференцварош.
Интересно, од ТСЦ Бачка Топола потекнуваат и познатите фудбалери Душан Тадиќ (капитен и еден од најдобрите стрелци во историјата на Ајакс) и Никола Жигиќ.
И покрај големото унгарско влијание, ТСЦ Бачка Топола и натаму има најголем број српски играчи, а за овој тим игра и повремениот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски кој имаше пристојна улога во историската сезона по клубот кој сега летово ќе бара сензационален пласман во Лига на шампиони преку тешките квалификации.