Двајцата шпански фудбалски репрезентативци кој во неделата освоија шампионски пехар во Лига Нации со Шпанија откако во финале ја совладаа Хрватска, во новата сезона ќе играат заедно и за клуб.
Двајцата се оженети за сестри близначки. Хоселу е во брак со Мелани Кањизарес од 2016-та година, а новиот капитен на Реал Мадрид по заминувањето на Карим Бензема, Даниел Карвахал е оженет со Дафне Кањизарес од 2022-ра година.

Судбината ги споила не само надвор од фудбалскиот терен туку и на него.
Дафне и Мелани Кањизарес се родени на Мајорка и имаат холандско потекло (сличен пат има и шпанскиот репрезентативец од Реал Марко Асенсио). Дафна работела како стјуардеса и модел а во меѓувреме основала компанија Blue Weddings за организација на свадби и други церемонијални прослави.
Мелани, пак, има 11.000 следбеници на Инстаграм каде објавува разни модни стилови и фотографии со своите синови Лео и Лукас како и со сопругот Хоселу.








Дафне има 170.000 следбеници на Инстаграм профилот на кој може да се видат најчесто спонзорирани реклами за автомобили, украси или пијалаци.
Хоселу и Мелани Кањизарес направиле свадба во 2016-та, а Дани и Дафне лани. Во новата сезона двајцата ќе играат за Реал Мадрид.