Реномираниот англиски Скај Спортс посветува цела една статија за вечерта за заборав на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој синоќа против Ерменија беше директно виновен за три од четирите примени гола а индиректно за еден.
Скај Спортс под наслов „Trio of Howlers“ (трио груби грешки) ги опишува акциите за секој пацерски гол кој го прими голманот на Рајо Ваљекано кој во мадридското предградие дојде на позајмица од Химнастик.
⚠ WATCH: KEEPER'S TRIO OF HOWLERS ⚠
— Sky Sports Football (@SkyFootball) October 16, 2018
Macedonia goalkeeper Stole Dimitrievski had a night to forget in Armenia after being badly at fault for three of the goals in his side's 4-0 Nations League loss 👉 👉https://t.co/PJEOj1NGm9 pic.twitter.com/MEhi5W7KQy
Твит за очајната вечер на младиот голман во Ереван имаше и најпрестижниот европски фудбалски медиум, француски Л’Екип:
Mauvaise soirée pour le gardien macédonien Stole Dimitrievski (@Dimitrievski1) 😂 #lequipeFOOT #NationsLeague pic.twitter.com/ZLCG8XERf9
— L'ÉQUIPE du soir (@lequipedusoir) October 16, 2018
The goalkeepers in the opening two Nations League games this evening are on the overs anyways. #nationsleague #uefa #macedonia #andorra #taxi
— Brian McDonnell (@BrianMc_Donnell) October 16, 2018
Клупското гласило на Рајо Ваљекано - Union Rayo оди со наслов „Ерменија му даде четири на Димитриевски со две груби грешки на голманот“
За неверојатните грешки на македонскиот голман се пишува и во Естонија - Delfi Sport:
Новинарот на полскиот PolsatSport пишува за фаталните грешки на Димитриевски после кои Македонија изгубила со 4-0: