Какви голови дава Пато во Кина

Кој како оди во Кина за него се зборува дека толку му е снагата, дека оди таму да заработи убави пари и дека на топ-ниво не може да игра веќе. Но Пато во Кина се разигра како во најдобрите денови и ги оправдува парите вложени во него.

Надарениот бразилски фудбалер Алешандре Пато, на времето беше огромен талент и величествен напаѓач кој во младоста премина во Милан. Тоа беше во 2007 година, а Пато имаше само 17 кога неговиот потенцијал го оценуваа мошне високо и го споредуваа со најдобрите светски напаѓачи.

Во италијанскиот клуб Бразилецот почна не многу забележително со 9 гола на 18 меча во дебитантската сезона. Следната година постигна 15 гола на 36 меча во Серија А, а даваше голови и во Лигата на шампионите. Изгледаше на развој на кариера за кој мечтае секој играч.

Но брзо му се појави најголемиот проблем којшто го спречи Алешандре да стане суперѕвезда во Европа. Стана склон на многу повреди па во период од две години (2011-2013) „Патката“ се појави на 24 меча. Во 2013 замина од Милан кој веќе не можеше да ги истрпи неговите долги отсуства и две години играше дома, во Бразил, прво за Коринтијанс, а потоа и за Сао Пауло.

По извесно време тргна да ја возобнови кариерата во Европа но безуспешно. Ништо не играше во Англија за Челси (неколку месеци), и во Шпанија за Виљареал. Тогаш одлучил да ја прифати астрономската понуда да игра во Кина, ги спакувал куферите и потпиша договор со Тианжин Кванжиан. Неговата годишна плата во кинескиот клуб е проценета на 10 милиони евра!

Партнер во екипата му е одличниот белгиски репрезентативц Аксел Витселп, а клубот го тренира познатиот Италијанец Фабио Канаваро.

За многу фудбалери трансфер во Кина значи дека фудбалот веќе го гледаат како занимација, а луѓето за нив коментираат „сака да заработи затоа што на топ-ниво не би седел ни на клупа“. Но за Пато Кина стана место на рехабилитација која му беше неопходна. Може да се каже дека таму совршено се вклопил во фудбалот.

Во кинеската Супер лига, клубот Тианжин Кванжиан настапува прва сезона но веќе е при врвот на табелата. Денес го зазема четвртото место а пред нив се само побогатите Хеби Чајна Форчун (тренер Мануел Пелегрини), Шангај Телејс (тренер Андре-Вилаш Боаш) и Гвангжу Евергранд (тренер Луис Фелипе Сколари).

Тимот на Пато победил пет пати на последните шест меча, а самиот напаѓач беше непосреден катализатор на таа серија. На последните седум средби забил пет гола и неколку асистенции. Сезонава досега има 8 гола вкупно при што еден дал од пенал.

На еден меч неодамна против Шангај Шенхуа, Пато промаши пенал а противничкиот играч Сун Ши-Лин иронично му покажуваше палец, поради што го казнија два меча и казна во висина од 1.500 евра.

Пато е разигрувач на екипата и секогаш е на право место:

Даде и еврогол од слободен удар:

Како стои Пато со брзината која некогаш го красеше? Одлично:

Еден од најубавите голови на центарфорот во Кина падна на гостувањето кај Лиаонинг Ховин:

Најубавиот гол на Бразилецот во Кина: