Јосип Иличиќ победи депресија, ослабна и со гол оди на Европско првенство

Многумина мислеа дека 36-годишниот Словенец Јосип Иличиќ веќе ја завршил кариерата после толку маки со кои се соочи. Одличниот „Јојо“ се врати дома од Аталанта после чудесните години кои ги имаше со тимот во Бергамо кој го однесе во Лига на шампиони.

Јосип Иличиќ веќе извесно време игра за Марибор а во меѓувреме доби и прв повик после долго време за репрезентацијата на Словенија и после само четири минути откако влезе во игра постигна гол против Ерменија.

Ова беше прв погодок за сјајниот Јосип за репрезентација уште од ноември 2021-ва и прв настап воопшто после три години. Селекторот Матјаж Кек просто не можел да си дозволи да не го викне најдобриот словенечки фудбалер во последните години.

Човекот кој помина многу тешкотии и ги остави зад себе.

ИЛИЧИЌ СЕ БОРЕЛ СО ДЕПРЕСИЈА

Јосип има тешка судбина. Роден е во 1988-ма во Босна и Херцеговина. После четири години избила војната а семејството долги години патело поради загубата на таткото на Иличиќ којшто бил застрелан близу нивниот дом. Јосип тогаш имал седум години.

Во 2009-та година Иличиќ за првпат се соочил со сериозни симптоми на депресија - практично го парализирала апатија додека играл како млад во словенечкиот клуб Интерблок. Дури и размислувал да го батали фудбалот.

Откако успеал да се извлече од апатијата, заиграл фудбал само онака како што тој знае - маестрално. Талентираниот Иличиќ по преселбата во Италија, му се обратил на психотерапевтот Пјетро Маранџело кој не му дијагностицирал класична депресија туку биполарно ефектно растројство.

Во 2018-та година особено го погодила смртта на неговиот соиграч и другар од Фиорентина, италијанскиот репрезентативец Давиде Астори. По извесно време Иличиќ го погодила и страшна состојба со воспаление на лимфни јазли па брзо се пренесе веста и дека бил тешко погоден од ова и дека дури и животот му бил опасност. Го спасиле антибиотици.

Кога сите мислеле дека тоа е конечно крај за сите маки на Иличиќ, во 2020-та година додека беше играч на Аталанта, тој наводно, според пишувањата на словенечките и италијанските медиуми при враќање дома во Словенија разбрал за неверство на неговата сопруга Тина со друг маж. Иако оваа ситуација ја нарекуваа шпекулација, човекот кој прв ја пушти во етер, Џанлука Ди Марцио до крај стоеше на истата информација, а Јосип набрзо ги избриша сите слики со неговата поранешна сопруга.

Со Тина Иличиќ има две ќерки. На своите профили има слики со своите ќерки но не и со сопругата.

„Секогаш ми е тешко да зборувам за тоа. Тоа е многу лично. Можам само да кажам дека секогаш ќе бидеме со Иличиќ. Ова ги надминува рамките на професијата. Го знаеме многу години, поминавме многу среќни моменти заедно. Тој е апсолутно нормален, позитивен човек, но внатре во разумот изгледа му е џунгла. Дури и психијатрите тешко можат да разберат, па што ни останува нам на обичните луѓе. Се надевам дека може да се врати и да добие радост од игрите на терен. Иличиќ знае дека како човек сме спремни да го чекаме вечно. Како играч за жал не“, рекол тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини.

ОДНОВО СЕ ВРАТИ КАКО НЕКОГАШ

Во летото 2022 Аталанта и Иличиќ споразумно се договориле да го раскинат договорот. За таа година тој одигра само два меча. Во октомври истата 2022-ра потпиша договор со Марибор а после еден месец излезе на терен со драстично зголемена килажа.

После неколку месеци се вратил во форма и сезонава беше еден од најважните играчи на екипата на Марибор. На Европско првенство е повикан не поради стари заслуги туку поради фантастични 8 гола и 11 асистенции.

Со гол на пријателската средба Словенија - Ерменија (2:1) Иличиќ потсети дека и натаму има што да каже и дека на Европското ќе биде оној стариот добар Јосип.

5 јуни 2024 - 13:31