Селекцијата на Италија која не успеа да го мине бараж двомечот против Шведска и неочекувано да отпадне од Мундијалот во Русија, сепак има шанси да му се приклучи на најголемиот континентален собир кој стартува на 14 јуни.
Четирикратниот Светски шампион може да профитира од нарушениот однос на Русија и Велика Британија кои деновиве ептен ја спукаа. Имено, на територијата на Велика Британија беа отруени двајца Руси, односно поранешниот шпион на КГБ Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија кои сега се борат за живот.
Британската премиерка Тереза Меј за инцидентот ја обвини Русија која прво молчеше, а потоа преку официјално обраќање жестоко се спротистави на обвинувањата.
Развојот на настаните зема многу поголем замав откако Меј им даде ултиматум на Русите да се произнесат за инцидентот и откако тие не го испочитуваа, таа соопшти дека ќе протера 23 руски дипломати.
Дипломатските односи меѓу двете земји сега се паднати на минимум, никогаш толку лошо од времето на Студената војна.
Британците се подготвуваат да воведат повеќе санкциии кон Русите, а меѓу нив е и бојкот на СП 2018 во кој ќе ги тераат и Јапонија, Австралија и Полска. Ако Англија и официјално го повлече своето учество од Мундијалот во Русија, тогаш ќе и отвори врата на Италија.
Нешто слично беше и на Европското првенство во Шведска 1992. Тогаш Југославија беше суспендирана, но поради распадот и војната, а на нивно место заигра Данска која успеа да стигне до титулата.