Имотот на Златан Ибрахимовиќ

Напаѓачот на ПСЖ поседува два острови, неколку вили помеѓу Европа и САД и црква, објави Ле Фигаро. Иако може да бира каде да живее, на Златан не му е проблем да плаќа 30.000 евра месечно за апартманот во еден хотел во Париз каде е сместен со семејството.

Имотот на островот Ресаро (Шведска), каде одел на риболов со колегата од репрезентацијата Олоф Мелберг

Куќа на три спрата во местото Оре во Шведска каде одел на скијање и лов со фудбалерот Даниел Мајсторовиќ

Стан во населбата Трибек во Њујорк на улицата Леонард 101

Златан поседува и вила од 600 квадратни метри во Чернобио (Лаго ди Комо). Вилата, со парк од 3.600 метри била проценета на 4,8 милиони евра

Островот Давенсо на езерото Маеларен во Шведска му припаѓа на Златан Ибрахимовиќ

Црква во центарот на Стокхолм на чие место Златан ќе градел хотел

Куќата во Малме, родниот град на Швеѓанецот со босанско потекло. Куќата три години е на продажба, но сè уште немало купец на „палатата“ со 13 соби во 440 квадратни метри